|

Младо мече забележано во Пелистер додека слегува од дрво високо 20 метри (ВИДЕО)

Ренџерската служба на Националниот парк Пелистер регистрираше редок и впечатлив момент – младо мече на возраст од околу две и пол години било забележано како се симнува од дрво високо приближно дваесет метри. Сцената е документирана за време на редовна теренска обиколка на ренџерите во еден од шумските предели на паркот.

Според експертите, во овој период од годината младите мечки често се одвојуваат од мајката и започнуваат самостојно движење, при што се качуваат и симнуваат по дрвја во потрага по храна или засолниште.

„Присуството на мечки во Пелистер е индикатор за здрава екосистема. Сепак, апелираме до посетителите да бидат внимателни, да не оставаат остатоци од храна и да не се обидуваат да се приближуваат до дивите животни, особено не до мечки“, стои во соопштението од НП Пелистер.

Балканската кафеава мечка (Ursus arctos) е заштитен вид и се смета за една од најважните диви животински популации во регионот. Националниот парк Пелистер е нејзино природно живеалиште и обезбедува клучна средина за нејзиното опстанување.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО https://www.facebook.com/share/v/1B12bV8gNB

Слични Објави