Осуденик од Прилеп измамен за 890.000 денари – му ветиле намалување на казна
Осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп пријавил дека бил жртва на измама во износ од 890.000 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, на 21 април 2026 година околу 12:30 часот во ОВР Прилеп, осуденикот навел дека пред околу два месеци бил доведен во заблуда од лицето со иницијали К.К., кое му ветило дека ќе му помогне да му се намали затворската казна.
Како што посочил пријавителот, за наводната „услуга“ во повеќе наврати му исплатил вкупно 890.000 денари. Откако сфатил дека станува збор за измама, случајот го пријавил во полиција.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



