Последно ажурирано: 26.03.2024

Благодариме што го посетивте сајтот ОТВ.МК.
Оваа Политика за приватност објаснува како се користат и штитат вашите лични податоци кога го користите овој веб сајт.

Какви податоци ги собираме?

На сајтот ОТВ.МК, не собираме лични податоци за корисниците освен ако остават име, телефонски број, е-маил адреса и порака во контакт формата. Сите информации кои ги испраќате преку контакт формата, се приватни, може да ги употребиме за да контактираме со вас, но не се споделуваат со трети страни.

Колачиња

Овој сајт користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на вашиот уред за да помогнат во анализирањето на користењето на сајтот и за да помогнат во персонализирањето на содржината. Можете да ги контролирате или избришете колачињата според вашите желби.

Анкети и контакт форма

Понекогаш на нашиот сајт се појавува анкета која е анонимна, но може да евидентира ИП адреси или да опслужува колачиња со цел да се избегнат дуплирани гласања. Исто така, на нашиот сајт имаме и контакт форма во која корисниците може да остават име, телефонски број, е-маил адреса и порака. Сите информации што ги доставите преку анкетите или контакт формата се чуваат и не се споделуваат со трети лица.

Вградени содржини од трети страни

На сајтот ОТВ.МК може да се појават вградени содржини од YouTube, Facebook, Twitter, Instagram или други веб сајтови. Овие вградени содржини може да собираат информации за вашето користење на овој сајт, вклучувајќи и колачиња. Препорачуваме да ги прочитате политиките за приватност на соодветните веб сајтови за повеќе информации за тоа како тие ги користат вашите податоци.

Промени на Политиката за приватност

Оваа Политика за приватност може повремено да биде ажурирана. Сите промени ќе бидат објавени на оваа страница, така што ве молиме редовно да ја проверувате за новости.

Контакт

Доколку имате било какви прашања или сомневања во врска со нашата Политика за приватност, ве молиме контактирајте нѐ преку контакт формата.